Чешка и уште 22 земји со посредство на ЕУ побараа од Индија помош за евакуација на нивните граѓани од Јемен, информираше чешкото Министерство за надворешни работи.
Според Давид Фроус, од прес службата на Министерството се работи за дваесетина чешки граѓани за кои се планира Индија да испрати брод, јави дописникот на МИА од Прага.
Покрај Чешка на списокот земји се и Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Романија, Словенија, Шведска, Турција, САД, Бангладеш, КУба, Џибути, Египет, Ирак, Индонезија, Филипини, Либан, Налезија, Непал, Шри Ланка, Сингапур и Јемен, а според некои индиски медиуми потпишани се и Холандија, Бахреин и Тајланд.
Во Јемен на крајот на март, коалицијата на арапските држави, предводени од Саудиска Арабија започнаа воздушен напад на Јемен со цел да го запрат напредувањето на шиитските бунтовници на југот на земјата.
Во воените напади, според Светската здравствена организација (СЗО) има 540 мртви и 1.700 повредени лица, што ги принуди земјите како Кина или Франција да ги евакуираат своите граѓани.