Најмалку 92,7 отсто од ирачките Курди гласаа за независност на ирачкиот автономен курдски регион на референдумот што се одржа оваа недела, објави денеска изборната комисија.
Одѕивот достигна 72,16 отсто во регионот ирачки Курдистан, како и во областите контролирани од Курдите во Ирак и избирачките места во странство.
Комисијата ја пофали „победата и успехот” на процесот на гласање.