Повеќе од 80 лица загинаа во последното деноноќие во јеменскиот град Таиз, каде се водат жестоки борби меѓу бунтовниците и силите на владата во егзил, соопштија воени извори.
Меѓу загинатите има 50 шиитски бунтовници и 31 припадник на провладините сили.
Силите на владата во егзил се обидуваат да ги протераат бунтовниците од Таиз, откако од средината на минатиот месец презедоа пет провинции во јужниот дел на Јемен, имајќи ја поддршката од воздух од коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Тие вчера постигнаа значителен напредок во централниот град, кој е трет по број на население во земјата.