Повеќе од седумдесет илјади вработени во 150 британски универзитети ќе штрајкуваат три дена поради платите, работните услови и пензиите, објави денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите (UCU).
„Кампусите ќе доживеат штрајк од невиден размер“, рече генералниот секретар на UCU, Џо Грејди.
„Овој спор ужива огромна поддршка од студентите бидејќи тие знаат дека нивните услови за учење се услови за работа на нашите членови“, додаде Грејди.
Синдикатот соопшти дека целосниот штрајк ќе се одржи на 24, 25 и 30 ноември.