Над 50 загинати при напади на џихадистите во северен Ирак

Од:

Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) синоќа започна серија напади врз силите на ирачките Курди во северниот дел на Ирак, јави телевизијата „Скај Њуз – Арабија“, додавајќи дека во борбите загинале над 50 лица.

Во судирите, што траеле во текот на минатата ноќ и претпладнево, џихадистите успеале да преземат неколку позиции на курдските борци „пешмерга“.

Најжестоки борби се воделе кај градот Ел Кувир, каде загинале 30 борци на „пешмерга“, 15 цивили и десетина џихадисти. По шестчасовни борби џихадиститт презеле целосна контрола над градот.

Телевизијата „Ал Сумерија“ пак јави дека припадниците на ИД извршиле напад врз силите на ирачките Курди и во градот Тал ал Вард во јужниот дел на провницијата Киркук, но дека „пешмергите“ ја одбиле офанзивата.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак