Над 50 поранешни израелски војници одбија да служат во резервниот состав на израелската армија, изразувајќи жалење за дејноста во војската, која според нив има централна улога во угнетувањето на Палестинците, пишува „Вашингтон пост“.
– Според нас, војниците кои дејствуваат во окупираните територии, не се единствените кои ги придвижуваат механизмите за контрола над животот на Палестинците. Всушност, целата армија е вмешана. Поради таа причина сега одбиваме да учествуваме во задолженијата во резерва и ги поддржуваме сите оние кои се спротивставуваат кога се повикувани на служба, наведуваат војниците во петиција.
Многумина Израелци одбиваат да служат во палестинските територии на Западниот Брег, но структурата на армијата е таква, што работата во секој дел во секоја улога ги принудува војниците да имаат улога во конфликтот, тврдат војници, од кои многумина се жени и не беа вклучени во борбите.