Над 50 бебиња превентивно вакцинирани откако вработен во шведска клиника се заразил со сипаници

Од:

Повеќе од педесет новороденчиња добиле вакцини со антитела против сипаници откако било откриено дека еден од вработените во шведска акушерска клиника заболил од оваа високо заразна вирусна болест.

Вработениот работел на 28 и 29 декември, а тогаш веќе бил инфициран, соопштиjа од клиниката.

Засега не е познато дали има заразени меѓу бебињата, членовите на семејствата или другите вработени, но шведските медиуми објавија дека сите 54 новороденчиња добиле антитела кои би требало да ги заштитат од таа болест.

Инаку, вакцинација се препорачува само кај деца постари од 11 месеци, а помладите се заштитени од мајката, која може да пренесе антитела преку плацентата додека бебето е сè уште во стомакот или, пак, преку мајчиното млеко.

Сипаниците се високо заразна вирусна болест која се карактеризира со осип, кашлица, течење на носот, иритација на очите и висока температура и се посебно опасни за бебињата и малите деца.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица