Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Од:

Автобус со околу 60 патници се преврте на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.

Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.

Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.

Причината за несреќата се уште не е јасна. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила.

Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.

Да потсетиме, ден претходно во Германија слична несреќа се случи кога автобус на Фликсбас се преврте на автопатот кај Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а повеќе од 20 се повредени.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

Пешак е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени