Над 20.000 полицајци ќе го обезбедуваат самитот на АСЕАН во Мјанмар

Од:

Претстојниот самит на шефови на држави или влади на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што ќе се одржи од 12 до 15 ноември, во престолнината на Мјанмар, Јангун, ќе го обезбедуваат над 20.000 полицајци.

Шефот на мјанмарската полиција денеска најави дека ќе биде зајакната и контролата на аеродоромите и на сите гранични премини.

Покрај шефовите на држави или влади на Мјанмар, Тајланд, Малезија, Виетнам, Лаос, Камбоџа, Индонезија, Сингапур, Брунеј и Филипините, на самитот во Јангун ќе допатуваат и високи политички претставници на САД, Индија, Јужна Кореја, Јапонија и Кина.

Медиумите од регионот најавуваат дека на собирот се очекува доаѓање и на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска