Над 20.000 лица се борат со шумските пожари во Чиле, досега има 11 жртви

Од:

Над 20.000 лица, вклучувајќи и војници и пожарникари од други земји, учествуваат во гаснење на шумските пожари што беснеат во Чиле, информира Националната управа за вонредни ситуации, цитирана од ТАСС.

Во борбата со пламените јазици се вклучени војници, специјалци од националната шумска корпорација, пожарникари доброволци, државни службеници и вработени во приватни компании. Помош укажуваат и над 600 странци.

Во активностите за справување со огнената стихија се мобилизирани 42 летала на чилеанските служби, од САД е испратен авион „Боинг 747-400 Супертанкер“ (најголемиот авион за борба со пожари), од Русија е испратен авионот „Ил-76“, а пристигнаа и два бразилски авиона „Ц-130 Херкулес“.

Според најновите податоци пожарите, што веќе неколку недели беснеат во централниот и јужниот дел на Чиле, ја предизвикаа смртта на 11 лица и уништија над 1.000 станови и куќи. Пеплосани се површини од 370. 000 хектари.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера