Над 122.000 цивилни жртви во десетгодишните судири во Ирак

Од:

Над 112.000 цивили се убиени во судирите во Ирак од март 2003 година досега, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на организацијата „Ирак боди каунт“ од Велика Британија.

Меѓу 112.017 и 122.438 цивили се убиени во 31.500 напади извршени во изминатите десет години, додека во истиот период во судирите се повредени 135.089 цивили, се наведува во извештајот „Ирак боди каунт“. Доколку на овие жртви се додадат и убиените војниците и екстремисти, вкупните бројки ќе надминат 174.000.

Верските судири, чиј интензитет се засили во периодот меѓу 2006 и 2008 година, се најкрвавите периоди. Во 2006 година убиени се 31.418 лица, а во 2007 година бројот на жртви изнесува 20.930 лица.

Десет години од инвазијата на Ирак, земјата секојдневно е погодена од атентати и организирани напади и насилства.

– Конфликтот не е завршен. Судирите и денеска се присутни. Неговиот почетокот е познат, но крајот се уште не е на повидок, се наведува во извештајот на организацијата, додавајќи дека секоја година во Ирак животот го губат меѓу 4.000 и 5.000 лица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак