Бројот на случаи на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 100 милиони во Северна и Јужна Америка, соопшти Панамериканската здравствена организација. Повеќе од половина од случаите се пријавени во САД (51 милион), а 22 милиона се откриени во Бразил.
„Државите мора да ги задржат мерките за јавно здравје за да го ограничат преносот на вирусот“, нагласи директорката на организацијата, Кариса Етјен, во соопштението.
Според неа, мнозинството американски држави ќе ја постигнат целта поставена од СЗО да имунизираат 40 отсто од нивните жители до крајот на годината. Но, земјите како Хаити, Гватемала и Јамајка нема да го постигнат тоа.