Жители на региони каде се регистрирани над 100 шумски пожари во југоисточна Австралија беа предупредени дека треба да ги напуштат домовите наместо да останат да се борат со огнената стихија.
Температурите одново се доближуиваат до 40-от степен во државата Нов Јужен Велс и може да достигнат до 45 степени во некои реони, јави ДПА.
Се очекува денешниот ден да биде најтопол за реонот на Сиднеј во изминатите 150 години со температури од 43 степени Целзиусови.
– Има околу 100 шумски пожари и околу 20 од нив не се локализирани. Достигнавме ниво на катастрофа, и во погодените региони напуштањето на домовите е најдобрата варијанта, изјави Шејн Фицсимонс, началник на противпожарната служба.
Катастрофалното ниво означува дека пожарите не може да се контролираат, се прошируваат многу брзо и евакуирање на локални жители е единствено можно решение. За првпат во историјата на државата сите национални паркови во југоисточниот дел се затворени.