Над 1.500 патници на португалската авиокомпанија САТА, која ги опслужува Азорските острови, изминатата ноќ беа блокирани на аеродромот, по откажувањето на околу 30 летови заради лошите метеоролошки услови, пренесоа француските медиуми.
Сите летови, со исклучок на два, меѓу архипелагот и градовите Порто и Лисабон беа откажани.
-Ја презедовме грижите за 1.500-1.600 лица, рече портпаролот на авиокомпанијата. „Сите летови се пренасочени за вторник и се надеваме дека ќе ги реализираме, доколку времето тоа ни го дозволи“, додаде тој.