Нацрт-законот за референдум за членството на Велика Британија во ЕУ ја помина првата пречка

Од:

Нацрт-законот што гарантира одржување референдум за членство на Велика Британија во Европската унија до 2017 година, ја помина денеска првата пречка во Долниот дом на британскиот Парламент.

Законодавците во Долниот дом по ретко едногласно гласање – 304 гласови „за“ и ниту еден „против“, одобрија за тој нацрт второ ниво од парламентарниот процес, иако постојат само мали изгледи тој да биде озаконет.

Парламентарците од евроскептичната Конзервативна партија на британскиот премиер Дејвид Камерон дадоа поддршка за предлогот, додека од Либерално-демократската партија и опозициската Лабуристичка партија беа против тој нацрт и останаа настрана од процесот.

Лабуристите се обидоа да го попречат тој предлог, користејќи парламентарна тактика на блокирање, што најавува дека „во следните фази од гласањето ќе се обидат на различни начини да го блокираат“, изјави министерот за надворешни работи Вилијам Хејг.

Камерон вети дека повторно ќе преговара за условите за британско учество во ЕУ и дека потоа ќе биде одржан референдум, по изборите во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот