Нацистите планирале да разнесуваат градови со помош на „вселенско огледало“

Од:

Иако звучи како ситуација од филмовите со Џемс Бонд, нацистите имале план да создадат гигантско вселенско оружје кое би ги користело сончевите зраци. Огледалото широко два километри требало, како лупа, да ги фокусира сончевите зраци на целта.

Фотографиите од списанието „Life“ од 1945 година им покажаа на читателите како експертите од американската војска ги откриле фактите дека германските научници сериозно планирале изградба на вакво оружје.

Херман Оберт бил германски физичар и инженер роден во Австроунгарија, а се смета за еден од зачетниците на астронаутиката и производството на ракети. Својата прва ракета ја направил уште како 14-годишен, а познатите ракети „V-2“ содржеле некои од неговите изуми и идеи.

Идејата за огромно вселенско огледало почнала во 1923 година, а Оберт проценил дека изградбата би чинела околу три милиони марки и би траела околу 15 години. Изворната намена била на жителите на Земјата да им пружа сончева светлост по потреба. Се до 1957 година Оберт бил убеден дека неговото вселенско огледало би можело да стане реалност, а често го опишувал и како „ултимативно оружје“.

Кога сојузниците во 1945 година почнале да копаат по нацистичките воени планови откриле дека нацистите ги доработиле идеите на Оберт и почнале да бараат можност да го изградат ова оружје. Иако нема никакви официјални детали за изградбата на ова оружје, списанието „Life“ сметало дека огледалото во орбитата треба да стаса во веќе монтирани делови.

Би можело да ве интересира

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Ана Ололовска

Светот слави Ден на победата над фашизмот или Ден на Европа

Ана Ололовска

Најбогатото германско семејство ги поддржувало нацистите

Ана Ололовска