Нацистички симболи на детски играчки во Шведска

Од:

Стоковната куќа „Гекос“ во познатиот шведски пазарен центар Уларед соопшти дека ќе ги исфрли играчките од своите рафтови на кои муштериите забележале нацистички симболи, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Станува збор за играчки војници во споменатата стоковна куќа кои носат униформи слични на Гестапо-униформите и симболи како железниот крст и орелот.

–   Кога подобро ги погледав играчките видов дека тоа беа германски тенкови и насмеани војници од времето на нацизмот, вели еден родител за весникот „Експресен“, кој ги разгледувал играчките во „Гекос“ во потрага по божикни подароци.

Менаџментот на синџирот продавници „Гекос“ веднаш реагираше.

–   Тоа воопшто не е нешто што ние би сакале да го форсираме како некаква форма на идеал, вели генералниот директор на „Гекос“, Борис Ленерхов, потенцирајќи дека спорните играчки ќе бидат отстранети од нивните бутици.

Ова не е првпат нацистички симболи од Втората светска војна да се појават во шведски продавници.

Во октомври годинава бутиците на синџирот „Манго“ беа принудени да се извинат до јавноста бидејќи нивни муштерии забележале една блуза со мали громови, мошне слични на симболот што го користела елитната единица Вафен СС.

Во август, пак, бутиците на „Зара“ во повеќе шведски градови ги повлекоа од продажба т.н. “шериф-блузи“ за деца, кои со своите риги и ѕвезди на градите во очите на дел од муштериите повеќе потсетувале на концентрационите логори отколку на Дивиот запад.

Тоа не беше првпат „Зара“ да се најде на удар поради лош вкус при изборот на симболи во својата продажна мрежа во Шведска. Во 2007 година компанијата беше принудена да ја запре продажбата на една женска чанта врз која бил ставен кукаст крст.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица