Националната гарда на САД испраќа помош во шест држави поради кризата со коронавирусот

Од:

Националната гарда на САД ќе распореди илјада војници во шест сојузни држави, како дел од напорите на федералната Влада да одговори на предизвиците од коронавирусот.

Војниците треба да бидат распоредени до крајот на денот во Флорида, Ајова, Луизијана, Њујорк, Роуд Ајленд и Вашингтон.

Националната гарда на САД служи како национална координативна агенција кога некоја држава бара помош од Национална гарда која се наоѓа во друга држава.

Досега, 33 од 50 американски сојузни држави прогласија вонредна состојба поради ширењето на вирусот. Претседателот Доналд Трамп се очекува денеска да прогласи вонредна состојба на национално ниво.

Ширењето на Ковид-19 во САД предизвика откажување на спортски настани, компаниите работат од далечина, затворање на државни објекти, универзитети и училишта, а се со цел да се спречи ширење на вирусот и епидемија, слично на епидемиите во Италија и во други европски земји.

Трамп пред два дена воведе времена забрана за летовите од континентална ЕУ во САД, а некои американски авиокомпании денеска прекинаа со летови кон европските дестинации.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски