Националната агенција за безбедност на САД побара криминална истрага за истекување на информации

Од:

Националната агенција за безбедност на САД вчера официјално побара да почне криминална истрага за истекување на високо класифицирани информации од нејзината тајна програма за набљудување, изјави портпаролот на НСА Шон Тарнер.

Тој додаде дека НСА испратила до Министерството за правда „избештај за криминално дело“.

Директорот на Националната разузнавачка агенција на САД, Џејмс Клапер ги обвини денеска медиумите за оддавање на тајни за следењето на сите комуникации на Интернет, оценувајќи дека таа програма е од клучно значење за заштита на националната безбедност на САД.

Тој извештаите на медиумите ги оцени како „невнимателни“, додавајќи дека системот е насочен првенствено кон странски граѓани и нивните имејл адреси на Гугл и Мајкрософт, а не на Американците.

Ова е второ огласување на директорот на американската „супер тајна служба“ оваа недела, откако британскиот весник „Гардијан“ и американскиот „Вашингтон пост“ објавија дека НСА ја следи целокупната комуникација на милиони луѓе на социјалните мрежи, како и дека тајно собира информации и телефонски листи на американските граѓани, кои ги користат услугите на мобилниот оператор Верајзон.

– Во текот на оваа недела бевме сведоци на намерно оддавање на разузнавачки мерки, со кои ги штитиме американските граѓани. Во брзањето тоа да го објават, медиумските куќи не и го дадоа вистински контекст на целата приказна, вклучувајчи го и тоа дека овие програми се надгледувани од сите три гранки на власта, нагаси Клапер.

Тој истакна дека програмата за надгледување е законска и оти за неа е информиран американскиот Конгрес.

Говорејќи за програмата „Призма“, согласно која безбедносните служби на САД можат да ја следат целата комуникација на Интернет, Клапер рече дека во прашање е „внатрешен владин компјутерски систем, кој се користи за собирање на странски разузнавачки податоци, како и дека сето тое е под судски надзор.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа