Tportal.hr
Додека либералите сметаат дека правото на слобода припаѓа исклучиво на човекот, на поединец, граѓанин, значи вистински и жив субјект, антилибералната идеологија правото на слобода го преместуваат во сфера на апстракција, идеолошки конструкции и фиктивни колективитети какви што се нацијата и класата, т.е. националните држави и диктатурите на пролетеријатот, како нивно правно-политичко темелење.
Интересите на тие колективитети и творевини наводно се толку важни што судбината на поединецот, неговото здравје, неговиот живот и неговите лични избори се безусловно подредени, се во име на нејасна и неодредена цел како национално или класно ослободување. Не постои, а всушност не може ни да постои, артикулирана теза за тоа како би требало да изгледа тоа ослободување, каква корист од реализацијата на таа утопија може да донесе на човековиот род, цивилизацијата, на секој еден припадник на таа иста класа или нација, или која било и што било (освен секако на политичката елита), но историското искуство секогаш одново покажува дека патот кон националната или класната слобода бил поплочен со човечки животи.
Се што нудат антилибералните идеологии за независноста на авторитарната етничка држава или црвена зора е непоимливо далечна иднина која во предоен период ќе го гарантира, повторно семоќна држава. На комунистите државата е најважен алат, извор за власта, а националистите во неа гледаат божество. Неизлечива зависност за тој лош господар, комунистичките и националистичките држави ги однесе во економски и морален банкрот. Националистите наспроти тоа опстануваат бидејќи се обраќаат со ефтини емоции и мрачни нагони и способност да ги убедат луѓето дека ќе умрат од несреќа ако по секоја цена не воспостават политичка творевина која ќе ја чувствуваат како своја држава. Јасно е дека општество кое се темели на такви глупости во најдобар случај е осудено на живуркање во ентропија.
За чудо, иако комунизмот и национализмот ноторно се неспособни да воспостават функционално и рационално општество, либерализмот е трајно непривлечен за мнозинството. Објаснувањето е едноставно. Социјалната основа на либерализмот ја чинат интелектуалците кои можат да опстанат само во општество кое не познава табуа и гарантира слобода на говорот, како и на претприемачите чии интереси се минимална администрација и стимулативни потези. Но, по природа на работите, интелектуалците и претприемачите се малцинство.
Работата да биде полоша, во Хрватска на пример, значителен дел од интелектуалците и претприемачката елита стојат во интересна спрега со нацијата и државата. Националистичките интелектуалци ја величаат нацијата за што се корумпирани со статусот на културната величина, така да во витален интерес им е маргинализација на слободата на говорот и финансиска поддршка од државниот буџет. Многу претприемачи статусот го должат на коруптивните врски со владејачката елита и лажната приватизација со која економијата е ставена под политичка контрола. Поголем дел од стопанството, во кое потенцијално би можеле да се појават либерални идеи, стои под директен или индиректен надзор на државата. Разбирливо е дека луѓето кои за државата вршат нечисти интелектуални и финансиски дејности и притоа стекнуваат голема корист, во либерализмот гледаат смртен непријател.
Но, тоа е само социологија. Таа не дава одговор на прашањето зошто луѓето својата индивидуална слобода, самопочитта, па и животот, се подготвени да ги положат на олтарот на историските и моралните аномалии, како што се неостварливото бескласно општество или аутистична етничка држава. Одговорот колку е едноставен толку е и трагичен. Човекот всушност не ја сака слободата. Таа не е ни спас ни заводлив привид, туку товар за кој треба да се има сила и храброст.
Слободата често е непријатна бидејќи слободниот човек е сам со себе и со својата совест, чиста или нечиста и со својата егзистенцијална проблематика. Слободниот човек знае дека никого освен себе не може да обвинува за грешките и неуспесите. Слободата обврзува на донесување на одлуки и преземање на секојдневна одговорност за тие одлуки, што подразбира ризик и неизвесност со кои многумина не сакаат и не можат да се носат. И најважно: слободата е должност на почит на слободата на Другиот. Сметајќи дека некои луѓе самата помисла на слободниот Друг, ја доживуваат како закана и навреда, волно се откажуваат од сопствената слобода и се втопуваат во колективот кој за возврат ги ослободува од морална одговорност и им пружа можност и благослов Другиот неказнето да го убиваат, крадат и мразат. Затоа на мнозинството му е одбоен светогледот со кој слободата на поединецот, ограничена само со слобода на другиот поединец, е најголема вредност, но тоа повеќе кажува за човечкиот карактер, отколку за либерализмот.
Национализмот и комунизмот нудеа страдање како гаранција за идна рајска среќа, но од нивните патетични визии настануваа затворени општества неспособни за развој. Од друга страна, општества темелени на слобода на говор и слобода на трговија, т.е. на неповредливост на поединечната судбина и приватната сопственост ја докажаа својата морална и економска супериорност, иако либерализмот никогаш не посегнувал за спектакуларни ветувања за совршено и праведно општество. Нудеше само гола стварност, некогаш величествена, некогаш сурова, неретко банална, по правило неизвесна, во која поединецот како зрела, автономна и одговорна единка ќе ги ужува плодовите и ќе ги сноси ризиците од својот слободен избор. Плодовите се често слаби, а ризиците преголеми, но c’est la vie, човечкиот живот ништо друго никогаш и не ни бил, нити можел да биде.