Началникот на американскиот Генералштаб: Русија не е пријател на САД

Од:

Претседателот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на Соединетите Американски Држави, генерал Џон Кејн, изјави дека не ја смета Русија за пријател на Америка, оценувајќи дека односите меѓу Вашингтон и Москва остануваат сложени.

Кејн го изјави ова за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Сенатот, на кое се разгледуваше барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за дополнително финансирање за Пентагон во контекст на војната со Иран, објави „Ер Форс Тајмс“.

Одговарајќи на прашање за природата на односите меѓу Соединетите Американски Држави и Русија, американскиот генерал оцени дека тие се „сложени“.

Кога беше директно прашан дали ја смета Русија за пријател на Америка, Кејн одговори:

„Не, не мислам дека тие се наши пријатели“.

Во исто време, американската администрација покажува подготвеност да ги продолжи дипломатските контакти со Москва.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изрази подготвеност да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, како и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, на маргините на самитот на АСЕАН.

Би можело да ве интересира

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Русија ѝ се закани на Австрија