Набљудувачите на ОБСЕ повторно не успеаја да стигнат до местото на падот на малезискиот авион

Од:

Меѓународните набљудувачи повторно не успеаја да стигнат до местото каде што се урна малезискиот авион во источна Украина.

Како и во претходните неколку дена набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со две возила, но овој пат без експертите од Холандија, денеска повторно се упатија кон локацијата каде што падна авионот. По разговорите со сепаратистите набљудувачите на ОБСЕ се вратија во градот Доњецк.

Истражната екипа не може да стигне до местото на несреќата заради стравувањата за нивната безбедност и пречките од страна на сепаратистите.

Државите, чии граѓани загинаа при падот на авионот, се жалат дека местото не е обезбедено и се уште има непронајдени човечки останки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици