На аеродромот во Виена се воведува гранична контрола во автоматски биометриски апарати за идентификација на лица, кои во моментов се инсталираат на електричните влезови, а ќе бидат пуштени во употреба на почетокот на декември.
Прво ќе биде скениран пасошот на патникот, а потоа апаратите ќе го сликаат неговото лице, со што автоматски ќе биде извршена контрола.
Причината за воведувањето на таквиот вид на проверка е промената во шенгенскиот граничен кодекс.