На улиците на Мадрид протестираа 4.000 здравствени работници

Од:

Во Мадрид денеска протестираа лекарите и медицинските сестри заради, како што наведоа, намалувањето на медицинските услуги и затоа што властите ги оставија сами да се борат против коронавирусот.

Околу 4.000 медицински работници излегоа на улиците на шпанскиот главен град, што е најтешко погоден од пандемијата, извикувајќи „помалку знамиња, повеќе медицински сестри“.

Лусија Тиелвез (65), помошна здравствена работничка, изјави дека шпанската Влада „го дели здравството“, пренесоа британските медиуми.

-Во приватните компании, здравството е бизнис. Во државните здравствени установи може да дојде секој. Значи, онаму каде што здравството е бизнис, ако немате пари, не добивате услуга, рече таа, без да прецизира во која смисла се намалени здравствените услуги.

Шпанската Влада негираше дека има намалување на медицинските услуги. Премиерот Педро Санчез излезе со апел до граѓаните да избегнуваат големи семејни собири за Божиќ, со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени