„На Турција и здодеа да чека на ЕУ“

Од:

Европската унија ќе ја изгуби Турција ако не и се даде правото да биде член до 2023-та година, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

„Веројатно нема да држат толку долго. Ако не држат, ЕУ ќе изгуби, а во најмала рака ќе ја изгуби Турција“, одговори Ердоган, на прашањето дали Турција ќе биде членка на ЕУ до 2023-та година.

Во поголемиот дел муслиманска, но секуларна земја со околу 74 милиони жители би ја зајакнала ЕУ, рече Ердоган, истакнувајќи дека околу шест милиони Турци веќе живеат во Европа, од кои три во Германија.

Турција во 2023-та година ќе прослави 100 години од прогласување на република, создадена на урнатините од Османлиското царство.

Ова е првпат Ердоган споменува рок во кој Турција планира да ги продолжи напорите за членство во ЕУ. Неговата изјава доаѓа во момент кога односите меѓу Турција и ЕУ се заладуваат се повеќе.

Турција официјално започна преговори за членство во ЕУ во 2005 година.

Напредувањето на Турција кон членството е практично запрено последниве години поради спротивставувањето на неколку членки како и неуспехот во решавањето на спорот со Кипар.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски