Државите членки на ЕУ дојдоа до заклучок дека исламистите и нивното насилно „извитоперено толкување на Коранот“ и се закануваат на европската безбедност.
Голем број европски државјани, заведени со индоктринација на екстремните исламисти од Среден исток и северна Африка, се приклучуваат во „џихад- светата војна“ и во европските држави се враќаат подготвени да го шират исламот на свој начин.
Од шеесетте илјади исламистички борци во Ирак и Сирија, 20.000 се странци, меѓу кои од Велика Британија, Франција, Косово, БиХ, Албанија, Чеченија.
Деновиве во БиХ уапсениот вехабија Билал Босниќ за италијанска „Република“ изјави дека во џамии во Рим, Кремон и Бергам агитирал заминување во џихад во Сирија и Ирак, бидејќи должност на секој добар исламист е на некој начин да биде вклучен во светата војна.
Тој рече дека италијански исламисти во Ирак и Сирија имаат намера да го убијат Римокатоличкиот поглавар, папа Франсис, а за убисвото на американскиот новинар Џејмс Фоли, кому британски исламист му ја пресече главата во Ирак, изјави дека е јасно дека бил шпион.
На удар на самопрогласениот калифат, се и јужните членки на ЕУ, бидејќи и калифот, Ал Багдади и лидерот на Ал Каеда ајман Завахири порачаа дека исламската власт и шериетското право ќе бидат проширени и во Ел Андалус, јужна област во Шпанија, каде што седумсто години до 15-от век , владееле Мавари.
Минатиот викенд шефовите на државите членки на ЕУ порачаа дека се подготвени да се соочат со исламистите и нагласија дека создавањето исламски калифат во Ирак и Сирија и ширење на теоризмот, се директна закана за безбедност на европските држави.
Тие ќе ги преземат сите мерки за разоткривање на лажната исламска идеологија и за да го спречат заминувањето во џихад, но и враќањето на обучени терористи во Европа.
Е. Г.