На стотици лица во Австралија по грешка им било кажано дека се негативни на Ковид-19

Од:

Лабораторија во Австралија погрешно им кажала на 400 луѓе дека нивниот резултат од тестот за коронавирус бил негативен на Божиќ, кога тие всушност биле позитивни на вирусот.

Одговорната лабораторија, со седиште во болницата Сент Винсент во Сиднеј, испратила неточни СМС пораки вечерта на Божиќ, кажувајќи им на луѓето дека немаат вирус.

Резултатите биле коригирани следното утро, а грешката што се случила лабораторијата вели дека е човечка.

Медицинскиот директор на лабораторијата рече дека е формиран тим за одговор на итни случаи за да ја истражи причината за грешката, за која се верува дека делумно се должи на зголемениот притисок при обработката на голем обем на тестови.

Бројот на случаи на коронавирус достигна рекордно ниво во Австралија.

Речиси 10.000 случаи беа регистрирани низ целата земја на Божиќ, од кои повеќето беа во Нов Јужен Велс, каде што се наоѓа лабораторијата на Сент Винсент.

Се верува дека многу од овие случаи најверојатно се варијантата на Омикрон.

Министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард, посочи дека Омикрон е широко распространет и дека ќе биде тешко да се избегне инфекција.

„Се очекува дека скоро сите во Нов Јужен Велс во одреден момент ќе се заразат со Омикрон“, рече тој.

„Ако сите се заразиме со Омикрон, најдобриот начин да се соочиме со вирусот е ако имаме целосно вакцинирани вклучувајќи ја и бустер дозата“.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он