На словачко-украинската граница застрелан маж осомничен за трговија со илегални имигранти

Од:

Припадник на словачката гранична полиција, денеска во близина на границата со Украина застрелал и убил маж за кој постои сомнеж дека пренесувал група илегални имигранти од Азија, објавија локалните медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, инцидентот се случил рано изутрината, околу три часот, кога пограничната полиција се обидела со пукање во воздух да го запре четириесет и шестгодишниот Украинец, кој бил вооружен. Започнала престрелка и осомничениот маж загинал.

Според словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калињак се работело за опасен лидер на нелегални групи, кој од поодамна и бил познат на полицијата, која досега не успеала да го притвори.

Калињак додаде дека од почетокот на украинската криза трговците со имигранти се добро вооружени и се однесуваат поагресивно кон полицијата.

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да добиеме одговори на прашањата

Горан Наумовски