На шпанската принцеза и се заканува замрзнување на имотот

Од:

Шпанската принцеза Кристина, која во 2014 година е обвинета за соучесништво во затајување данок и перење пари, добила наредба да му достави на судот листа од својот имот, кој ќе биде блокиран, со цел да се обезбеди кауцијата од 2,7 милиони евра.

Судот во Палма де Мајорка и дал рок на 49-годишната принцеза, инаку сестра на кралот Фелипе, до утре попладне да му достави листа од имотот со кој таа располага.

Потоа судот ќе одлучи дали вредноста на пријавениот имот го обезбедува износот на кауцијата, благодарејќи на кој принцезата се наоѓа на слобода по судењето, а по што ќе биде покренат процес за блокада.

Недвижностите кои ќе ги пријави принцезата Кристина нема да и бидат одземени, но нема да може да ги продаде.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра