На Самитот на Г-7 се уште нема согласност околу трговијата и Русија

Од:

Учесниците на Самитот на Големата седморка – седумте најразвиени индустриски држави – се уште не постигнале согласност за два проблема во текстот на завршната декларација – трговија и Русија, пренесе ДПА.

За трговијата не е постигната согласност поради протекционизмот, а за Русија, лидерите преговараат како да биде формулиран текстот за можноста на Москва да и бидат наметнати уште санкции, изјави дипломатски извор за ДПА.

Лидерите на земјите од Г-7 ќе усвојат декларација во која ќе изјават дека претседателот на САД Доналд Трамп подоцна ќе донесе одлука во врска со договорот за борба со климатските промени. Земјите ќе ги потврдат обврските кон Парискиот договор за климата, а САД ќе имаат повеќе време за да донесат одлука, додаде изворот, цитиран од ДПА.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот