На руските гимнастичари во Романија им билo забрането да го истакнат руското знаме

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес оцени дека одлуката на организаторите на „Челенџ купот“ во романскиот град Клуж-Напока да им забранат на руските гимнастичари да настапуваат под националното знаме е „скандалозна и произволна“.

„Ова е скандалозен случај“, изјави Песков за ТАСС, коментирајќи ја одлуката на организаторите.

Тој истакна дека односите на Руската гимнастичка федерација со Светската гимнастичка федерација се целосно нормализирани и дека руските гимнастичари имаат право да настапуваат под знамето и со химната на Русија.

„Ова е целосно произволна одлука на општинските власти на овој град“, нагласи портпаролот на Кремљ.

Рускиот тим во ритмичка гимнастика претходно објави дека се повлекува од „Челенџ купот“ во романскиот град Клуж-Напока.

Како што е наведено, организаторите усно ја известиле Гимнастичарската федерација на Русија дека прикажувањето на руски државни симболи ќе биде забрането на спортската арена.

Светската гимнастичарска федерација изјави дека одлуката на романските власти претставува кршење на статутот на организацијата, како и на изменетите одредби од Олимписката повелба.

Гимнастичарската федерација на Русија објави дека ќе ги искористи сите расположиви меѓународни правни механизми за да побара спроведување на одлуките на Светската гимнастичка федерација.

Би можело да ве интересира

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ