Единаесет момчиња од Индија, на возраст помеѓу 14 и 16 години, кои учествуваа на меѓународниот ракометен турнир во данскиот град Дронинглунд, исчезнаа во сабота вечер за време на финалниот натпревар, пренесе ТВ2 Њуз.
Тие биле во придружба на пет возрасни лица од раководството на индиската екипа, кои во недела се однесени до Копанхаген од каде што треба да заминат во Индија.
Полицијата продолжува да трага по момчињата, кои како што соопштил претставник од данската полиција „како да пропаднале во земја“.
Е. Г.