Пратеничката на Движењето на слободни граѓани (ПСЖ) Ана Орег изјави дека на претседателот на Русија Владимир Путин треба да му се одземе статусот на почесен граѓанин на Нови Сад.
„Владимир Путин е некој кој е диктатор и агресор, а неприфатливо е тој да е почесен граѓанин на Нови Сад, а за нас е важно нашите сограѓани да знаат дека постојат организации кои сакаат јасно да се дефинираат и бараат да му биде одземена оваа почесна титула. Срамота е Путин да му подарува на Белград новогодишна елка, а во исто време да и подарува на Украина уништени домови, семејства и градови“, изјави Ана Орег, пратеничка на Движењето на слободни граѓани, која заедно со претставници на други организации, достави барање да му се одземе титулата почесен граѓанин на Нови Сад на Путин.