На првата годишнина од труењето, Навални ги повика светските лидери на порешителна борба против корупцијата

Од:

Затворениот рускиот опозиционер, Алексеј Навални, денеска ја одбележа годишнината од неговото труење, од која излезе со повик до светските лидери да посветат поголемо внимание на борбата против корупцијата.

Во написот објавен од три познати европски весници, Навални ги критикуваше западните лидери дека ја ставиле во втор план борбата против корупцијата, велејќи дека поткупот игра клучна улога во неуспехот на одредени политики, вклучувајќи ги Ирак и Авганистан.

„Факт е дека Западот не успеа да ја забележи распространетата корупција во Авганистан, која беше најважниот фактор за победата на талибанците“, наведе Навални во написот.

Во текстот објавен во британски „Гардијан“, германски „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ и француски „Ле Монд“, Навални ја нарече корупцијата „универзална основа за цветање на новиот авторитаризам низ целиот свет, од Русија до Еритреја, од Мјанмар до Венецуела“.

Навални, најпознатиот руски опозиционер и критичар на политиките на Кремљ, ги повика светските лидери да покажат посилна политичка волја во следењето на финансиските траги од Русија и другите земји погодени од корупцијата и порешително да се борат против корумпираните службеници.

Тој беше уапсен на аердромот во Москва, на 17 јануари годинава, веднаш по враќањето од Германија, каде пет месеци заздравуваше од труење со советскиот нервен агенс „Новичок“, за тој отворено го обвини Кремљ.

Руските власти ги отфрлаат овие тврдења и го доведуваат во прашање неговото труење, што е потврдено од неколку европски лаборатории.

Судот во Москва во февруари го осуди Навални на 2,5 години затвор, менувајќи ја условната казна од 2014 година во активна затворска, затоа што не се пријавил навремено до надлежниот орган, додека бил на лекување од труењето во Германија.

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски