Австралиската Влада планира наскоро да воведе мерки со кои ќе биде спречен влезот на странските „проповедници на омразата“ на австралиска територија и ќе се обиде да ја забрани радикалната исламистичка организација „Хизб ут тахрир“, согласно новиот построг закон за теооризам, изјави денеска австралискиот премиер Тони Абот.
Тој изрази незадоволство поради тоа што согласно постоечкиот закон Владата не може да ја забрани „Хизб ут тахрир“, која е прогласена за нелегална во некои други држави.
Предложените законски измени предвидуваат забрана на организации, кои го поттикнуваат тероризмот, а актуелната забрана се однесува само на групации, кои учествуваат во терористички активности.
– Треба да имаме активен систем, кој грантира дека во Австралија не можат да доаѓаат проповедници на омразата за да ги шират своите идеологии, кои предизвикуваат поделби, рече тој.
Според Абот потребно е да има подобра координација меѓу службите за безбедноста и имиграциските служби со цел да не им се дозволи доделување виза на лица, за кои е познато дека имаат екстремистички ставови.