Медиумите во Тајван денеска пренесоа дека е донесен нов пропис според кој на децата до возраст до 18 години со закон ќе им се ограничи времето кое тие го проведуваат пред компјутер и другите електронски уреди.
Родителите кои ќе дозволат нивните деца да се забавуваат со електронските направи ќе бидат казнувани со околу 2.000 долари за првото прекршување на овој пропис.
Ограничувањто на времето што ќе им биде дозволено на децата да сурфаат, или да играат со електронски направи е дел од законот за заштита на младите. Овој закон предвидува остри казни за родителите чии деца под 16 години пушат, пијат алкохол или го користат опојниот бетелов орев.