Милион и пол луѓе учествуваат на Маршот на солидарноста во Париз додека повеќе од 600 илјади луѓе денеска излегоа на улици во градови ширум Франција, во знак на поддршка, јави дописникот на МИА од Париз.
Во Париз на Маршот на солидарноста се и 40-на светски лидери.
Луѓе излегоа на улици во Лион, Марсеј, Бордо и многу мали градови за да изразат отпор на џихадистичките напади во кои загинаа 17 луѓе.