На лондонскиот аеродром Хитроу од денеска се воведува засилена контрола врз патниците и багажот во авионите на американските авиокомпании, кои летаат кон Северна Америка.
Засилената контрола врз летовите за САД е побарана од американските власти, по информациите на разузнавањето дека Ал каеда можеби подготвува терористички напади врз САД и други западни држави.