Русија на Крим распореди нов ракетен систем С-400, објавија руските новински агенции.
Русија го презема Крим од Украина во 2014-та година поради што доби санкции од ЕУ и САД.
САД во декември објавија дека планираaт да ја обезбедат Украина со „засилени одбранбени капацитети“ кои, според некои официјални претставници, вклучуваат и противтенковски проектили „Џавелин“.
Првиот руски систем С-400 беше распореден на Крим во пролетта 2017 година на пристаништето Федозија.
Новиот систем ќе биде лоциран во Севастопол и ќе го контролира воздушниот простор над границата со Украина.
„Системот, чија цел е заштита на руската граница може да се активира во целосна борбена готовност за помалку од пет минути“, рече рускиот командант на воените сили, Виктор Севостјанов.
Овие ракетни системи можат да срушат воздушни цели во радиус од 400 километри и балистички проектили во радиус од 60 километри. Во рускиот воен арсенал беа воведени во 2007-та година.