На конференцијата за климата во Париз почнуваат преговори

Од:

По говорите на претседателите, делегации на 195 држави почнуваат денеска преговори на светската конференција за климата што се одржува во Париз.

Пред да се врати во Вашингтон, американскиот претседател Барак Обама ќе има прес конференција, јавија француски медиуми. Францускиот претседател франсоа Оланд ќе присуствува на мини средба на високо ниво со десетина лидери од африкански држави. Темата на средбата е Климатските предизвици и африканските решенија.

– Ќе биде тешко. Проектот за договор е долг и има многу варијанти, наведува европски претставник на конференција цитиран од француски медиуми.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина