Дваесет и третиот ураган годинава, кој се приближува кон северната јапонска префектура Хокаидо предизвика прекин на железничкиот и авионскиот сообраќај.
Препорака за евакуација е испратена до околу 5.000 луѓе.
Поради ураганот прекинат е железничниот сообраќај на повеќе од 150 линии и откажани се 92 летови. Поради лошото време затворени се 105 училишта.
Во моментот ураганот се движи кон Хокаидо со брзина на ветерот од 35,7 метри во секунда, а утре се очекуваат поројни дождови.