На ЕУ и се потребни дополнителни 11,2 милијарди евра

Од:

Европската унија соопшти дека на ЕУ оваа година и се потребни дополнителни 11,2 милијадри евра, за плаќање на трошоците од претходните години.

Германија, Велика Британија, Франција, Италија и уште некои држави ќе мора да одвојат повеќе од милијадри евра, во време кога сами се обидуваат да ги намалат дефицитите во трошоците, преку зголемувањето на даноците.

ЕУ соопшти дека покрај 133 милијарди евра предвидени во буџетот за 2013 година, ќе бидат потребни уште девет милијарди евра за исполнување на обврските за финансирање на проектите во помалку развиените подрачја на Европа.

За останатите трошоци ќе бидат потребни дополнителни 2,2 милијарди евра.

Членките на ЕУ го одобруваат буџетот со квалификувано мнозинство, а дел од буџетот се одредува според економската моќ на државата.

Доколку се усвојат промените за дополнителни буџетски трошоци, Германија ќе мора да одвои уште 2,2 милијарди евра, Франција 1,7 милијарди, Британија 1,6 милијади, а Италија 1,3 милијарди евра.

Лидерите на ЕУ на 8-ми февруари постигнаа компромис за буџетот, за периодот од 2014-2020 година, во износ од 960 милијарди евра.

Европскиот парламент го отфрли предлогот и побара да се смени, за да помеѓу останатото обезбеди средства за покривање на неплатени обврски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он