Американската полиција уапси еден човек, откако се појавил на место каде се извршило злосторството, во костим на Бетмен, инсистирајќи да им помага на полицијата во истрагата.
Кога му рекле да го напушти местото на злосторот, тој одбил.
„Не сакаше да си замине, а имавме и кучиња, им пречеше во следењео на трагите. Рече дека сака да ни помогне“, изјави еден од полицајците за локалниот весник во градот Питоски, во американската држава Мичиген.
Марк Вејн Вилијамс, 33 години, е обвинет за попречување на полицијата во истрагата и давање отпор за време на апсењето. Но, ова не му било првпат. Тој една недела претходно, исто така бил приведен, откако полицијата добила пријава за човек облечен како „Бетмен“ кој се шета на покривот на една локална фирма. Тој тогаш бил осуден на условна казна од шест месеци, време во кое му било забрането да носи било какви костими.