На аеродромите во Австралија распоредени специјални единици за сузбивање на тероризмот

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот денеска изјави дека на најголемите меѓународни аеродроми во Австралија – во Сиднеј и Мелбурн, се распоредени специјални единици за сузбивање на тероризмот, кои можат да ги запираат „сомнителните лица“.

Во обраќањето до пратениците во Парламентот, Абот наведе дека овие единици ќе бидат распоредени и на останатите австралиски меѓународни аеродроми за да го следат движењето на патниците на местата за безбедносна проверка и дека се очекува воводување биометриски скрининг на патниците, пренесоа американските медиуми.

Австралиската Влада отиде  чекор понатаму  и со американската Влада потпиша спогодба за размена на информации со цел да се засили нивната способност да го потврдат идентитетот на странските патници, со што е договорена и размена на издадените визи и имиграциски информации.

Истовремено, од Камбера е соопштено дека Австралија и САД, во септември, во Генералното собрание на Обединетите нации ќе укажат на потребата од што поголема  меѓусобна владина соработка против заедничката закана – тероризмот.

Австралиецот Халед Шаруф, кој се бори во редовите на екстермистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“, на социјалните мрежи објави фотографија и го пофали својот малолетен син кој држи одсечена глава на сириски војник. Фотографијата на својот син Шаруф ја стави на Твитер и ја потпиша со зборовите – „тоа е мојот син“, јавија американските медиуми пред две недели.

Шаруф во 2007 година беше меѓу деветмината муслимани кои беа обвинети за складирање материјали за изработка на бомби и планирање терористички напади во Сиднеј и Мелбурн и во 2009 година беше осуден на четири години затвор. Шаруф го искористил пасошот на својот брат за  минатата година да ја напушти Австралија, заедно со сопругата и трите сина,  за да може да се бори во Сирија и Ирак.

Абот овој месец призна дека националната гранична безбедност не била доволно добра, бидејќи уште еден осомничен џихадист одлетал за Блискиот исток,користејќи туѓ пасош.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски