Муслиманското братство бара нова стратегија

Од:

Египетската влада ги прогласи за терористи. Нивните лидери ги уапси и затвори. Стотици од нив се соочуваат со најлоша казна, егзекуција. Илјадници припадници на Муслиманското братство зе во затвори.

По една година откако од власт во Каиро беше симнат Мохамед Мурси, првиот претседател на државата од редовите на Муслиманското братство, припадниците на ова исламистичко движење и понатаму пружаат отпор на новоизбраната влада, на чело со Фатах ел-Сиси, поранешен генерал. Со тоа судирите продолжија судирите на двете струи, бидејќи ни владата нема намера да попушти. За тоа време народот живее во страв, бидејќи судирите постојано ја вжештуваат атмосферата на граѓанска војна.

– Ако на семејствата кои останаа без браќа, сестри, татковци и пријатели, сега би им рекле заборавете на она што се случило, дури тогаш ќе има насилства – вели 20 годишно момче припадник на Муслиманското братство, кој сакаше да остане анонимен. – Можност за помирување со новата власт не постои. Нема друг избор освен борба.

Такви размислувања можат да се слушнат и од претставниците на авторитарниот режим, кој спроведува репресивни мерки над неистомислениците. Некои велат и најлошо до сега. – Она што во последните неколку години го видовме е прибегнување кон принципот на конфронтации. Значи, стратегија е да се протестира, протестира и да се продолжи со протестите. Египет така останува држава со која не може да се управува и која константно е во економска дестабилизација – смета Шади Хамид, соработник на Институтот Брукингс во Вашингтон, автор на книгата Искушување на власта, за исламистичките движења.

– Тие ел Сисите не ги гледаат како некој кој може да придонесе за стопанско зајакнување на земјата и сметаат на тоа дека ќе добијат поддршка од народот, ако се продолжи со агонијата.

– Верувам дека граѓаните ќе се спротивстават на новиот претседател. Ако се продолжи со протестите секој ден, тоа сценарио не може да се исклучи – верува Мухамед Соудан, секретар за надворешнополитички односи на политичкото крило Муслиманско братство. – Ел-Сиси е соочен со многу предизвици, посебно кога се работи за економијата и безбедноста. А тој верува дека тоа ќе издејствува примена на сила. Тоа не е начин со кој се владее со земјата со 90 милиони жители.

Нема стратегија

Многу постари предводници на египетското исламистичко движење, за разлика од Соудан, успеаја да избегнат апсење и да ја напуштат земјата, основајќи седишта во други држави, од Велика Британија преку Турција, па се до Катар, иако таа алтернатива не се покажа одржлива.

– Раководството на Муслиманското братство кое престојува во егзил упорно бара кохерентна стратегија и визија, независно од протестите и судирите – вели Хамид. – Но, ако прашате некој од нив како замислуваат да ја симнат од власт војската, тие не знаат што да ви одговорат.

Во меѓувреме се гледаат и поделби во самото Братство, посебно меѓу постарите и помладите генерации. – Постарите лидери изгубија кредибилитет – тврди 20 годишното момче. – Тие генерации и не сонувале за револуција или слобода, тие размислувале за живот со корупција и разни забрани.

Идејата за револуција меѓу младите во Египет се почесто се спомнува. Младите Египќани зборуваат со друг јазик. Тие се против војската и немаат доверба во ниту една државна институција. Многу од нив ќе ви кажат дека изгубиле верба во иднината, во која државните структури би имале поконструктивна улога, додава Хамид, соработник на Институтот Брукингс во Вашингтон.

Доверба и поддршка се помалку

Наспроти протестите од кои Муслиманското братство не се откажува, поддршката и разбирањето на граѓаните за нивните барања се намалува. Се повеќе се разочарани во египетското исламистичко движење. Уште во времето на Мурси, народот стана свесен за фактот дека лидерот на Муслиманското братство нема да воведе ред, нема да овозможи функционирање на државата и нема да обезбеди подобар живот. Беше само прашање на момент, кога војската ќе ја искористи состојбата и ќе интервенира. – Имиџот на Братството толку многу е влошен, што речиси сите го гледаат како зло – вели Амро Али, аналитичар за Блискиот Исток. – Кога еднаш ќе го изгубите легитимитетот, тешко може да се врати довербата.

Во времето на Хосни Мубарак било поинаку. Луѓето верувале дека Муслиманското братство ќе се бори за правда и солидарност, пред се со најсиромашните. Но, тоа не се случи.

Во меѓувреме, народот повеќе нема доверба ни во војската, а ни во Братството, што дополнително ја зголемува опасноста од распад на државата. – Настрадаа премногу невини луѓе. Убиени се брутално – вели Ваел Ескандар, независен новинар од Египет. Тешко може да се предвиди што ќе се случува понатаму, но надеж сеуште има, тврди овој репортер. – Се зависи од идните потези на режимот, ако продолжат со репресии и брутално насилство, луѓето сакале или не, повторно ќе се свртат кон Муслиманското братство. Со тек на време и ќе ги заборават поранешните настани. Опозицијата можеби ќе може и да се обедини и заеднички да се спротивстави на воениот режим. Во Египет на крај може се да се случи. Така беше и со Мубарак, а и со државните злосторници. Народот ќе бара човек кој ќе може да ги извлече од овој хаос.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро