Муслиманско братство не го прифаќа воениот удар во Египет

Од:

Египетското исламистичко движење Муслиманско братство не го прифаќа воениот удар со кој е соборен од власт претседателот Мохамед Морси.

Еден од лидерите на движењето Мухамед ел Балтаги изјави дека најверојатно Муслиманско братство нема да земе оружје в раце, но оти воениот удар би можел да ги поттикне другите групи на насилен отпор.

Друг лидер на Муслиманско братство, шеик Абдел Рахман ал Бар истакна дека движењето нема да соработува со новата „узурпаторска власт“.

– Ние ја одбиваме репресивната пракса на полициската држава – убиства, апсење, кршење на медиумската слобода и затворање на телевизии, наведе ал-Бар.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина