Муслиманско братство ќе продолжи со мирниот отпор против соборувањето на Морси

Од:

Египетското движење Муслиманско братство објави денеска дека ќе продолжи со мирен отпор против симнувањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Таа исламистичка организација најавува дека ќе продолжи со отпор за „превратот“, со кој од власт беше симнат првиот демократски избран претседател на Египет и дека нема да се откаже од тој став.

Тие го осудуваат вчерашниот обид за убиство на генералот Ахмед Васфи во градот Рафах во близина на границата со Газа.

Египетските власти вчера побараа апсење на духовниот лидер на Муслиманското братство и на уште девет истакнати исламисти заради поттикнување насилство во Каиро.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина