Муслимански браќа тврдат дека на протестите во Каиро загинале најмалку 70 лица

Од:

Движењето Муслимански браќа утрово соопшти дека најмалку 70 лица загинале кога безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите кои го поддржуваат сменетиот претседател на Египет Мохамед Морси и оти бројот на загинати веројатно е и поголем.

Телевизијата Ал Џазира информираше дека во судирите загинале 120 лица, а повредени се над 4.500.

Претходно беше соопштено дека во судирите загинале 10 лица.

Очевидци тврдат дека полицијата користела гас – солзавец во судирите со демонстрантите. Египетскиот министер за внатрешни работи Мохамед Ибрахим претходно изјави дека од протестите на Муслиманските браќа крај џамијата и покрај каирскиот универзитет нема никаква полза, бидејќи Египет веќе никогаш нема да се врати назад.

Според него, во најскоро време ќе биде ставен крај на нивните демонстрации и „тоа ќе се случи во рамки на законот“.

Претходно, времениот претседател Адли Мансур ги повика членовите на Муслиманското братство да се разотидат и вети дека никој нема да биде процесуиран.

Судири меѓу приврзаниците и противниците на Морси имаше и во Гиза, Мансур, Фајум, Гарбија. Кратки судири имаше и во Шарм ел Шејк, но благодарение на брзата интервенција на бедуинските старешини, страстите се смирија.

Во Луксор спротивставените страни разменија молотови коктели, камења и престрелка. Во безредијата уништени се неколку автомобили.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро