Муслиманите во Франција стравуваат од исламофобична реакција

Од:

По неколкуте гранати и пукања кон објекти на исламската заедница во Франција, кои уследија по убиствениот напад на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, расте стравот меѓу муслиманите во земјата од исламофобична реакција во која вината за нападот ќе биде префрлена на целата заедница, а не само на одговорните за масакрот, пишува „Гардијан“.

Вчера, делегација од околу 20 имами од француската муслиманска федерација ги посетиле канцелариите на „Шарли ебдо“ и жестоко ги осудиле напаѓачите кои убија 12 лица, од кои десетмина членови на редакцијата на магазинот и двајца полицајци.

„Овие луѓе се криминалци, варвари, сатанисти. За мене тие не се муслимани“, рекол имамот од париското предградие Дранси. „Нивната омраза, нивното варварство, немаат никаква врска со исламот. Сите ние сме Французи, сите сме луѓе. Мораме да живее во меѓусебно почитување, толеранција и во солидарност“, додал имамот, пренесува „Гардијан“.

Далил Бобакер, ректор на Големата џамија во Париз, изјавил дека ова се тешки времиња да се биде муслиман во Франција, особено по триумфот на партијата Национален фронт на минатогодишните избори за Европскиот парламент и загриженоста која расте по сè поголемиот број француски џихадисти кои одат на боиштата во Сирија и во Ирак и поделбите и контраверзите околу исламот и неговот место во француското општество.

Според него, француските муслимани се осудени на „вечно поделени“ животи. „Ова особено важи за младите, кои имаат впечаток дека се фатени меѓу она што чувствуваат дека се и она што француското општество бара од нив да бидат“.

Неколкумина муслимански верници, кои сакале да зборуваат, враќајки се од пладневна молитва на своите работни места, како што пренесува лондонскиот весник, ги искажале своите стравувања дека тие ќе ја платат цената за злостроството.

„Луѓето, едноставно, ги ставаат сите муслимани во еден кош. Ги поврзуваат сите муслимани со она што го направија тие фанатици. Но, нè гледате, ние сме нормални луѓе, одиме на своите работни места. Сите муслимани не се исти“, рекол Али, вработен во париското градско собрание.

Друг муслимански верник го осудил злосторството во „Шарли ебдо“, но не се согласува со тоа што магазинот го објавил, велејќи „никој не треба да го напаѓа пророкот“.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен