Мубарак: Се уште е рано да се даде оценка за Морси

Од:

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак изјави дека е мошне рано да се оценува работата на претседателот на Египет Мохамед Морси, пред кого, според него, престојат мошне тешки задачи.

Мубарак ова го изјави во првото интервју по неговото соборување од власт во 2011 година. Весникот „Ал Ватан“ објави дека негов новинар успеал да стигне до Мубарак во саботата пред почетокот на новиот процес против него во врска со обвиненијата за соучество во убиството на стотици демонстранти за време на бунтот, кој во февруари 2011 година доведе до негово соборување од власт.

– Тој е нов претседател, кој извршува тешки мисии за прв пат и не би требало да е проценува во моментов, рече Мубарак, во интервјуто, кое денеска го објави „Ал Ватан“, весник познат кон критиките кон Морси и Муслимански браќа.

Мубарак, кој беше претседател околу 30 години изјави дека е загрижен поради тешката положба на сиромашните во земјата и поради состојбата на египетската економија.

– Тоа е причината на мојата тага, да ги гледам сиромашните во таква состојба, рече Мубарак и изрази загриженост во врска со перспективите за склучување на спогодба на Египет со Меѓународниот монетарен фонд за кредити во вредност од 4,8 милијарди долари.

– Се плашам за државата поради кредитите од ММФ. Условите се мошне тешки и претставуваат голема опасност за египетската економија. Тоа ќе ги погоди сиромашните и лицата со ниски примања, нагласи Мубарак.

– Историјата ќе ми биде судија, а јас сум сигурен дека идните поколенија ќе ме оценат праведно, додаде Мубарак.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски